Свет

Откриено е за што разговарале Путин и Лукашенко

Путин и Лукашенко разговарале за Буча, а информациите за неговите организатори ќе бидат навремено објавени, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Секако дека се разговараше на таа тема. Познато е и доста детално и аргументирано е објаснето дека се работи за целосна измислица и намерно насочена местенка“, рече Песков.

Не сакаше да зборува која точно држава стои зад режијата на таа провокација.

„Информациите ќе се појават навремено“, изјави портпаролот на Кремљ.

Претходно белорускиот лидер Александар Лукашенко во интервју за агенцијата АП изјави дека „Британците пристигнале од Лавов, снимиле во Буча и потоа го објавиле тоа“.

На почеток