Америка на работ на нова епидемија
Вирусот на птичји грип, кој се шири во Соединетите Американски Држави, станува најлошата епидемија во земјата, бидејќи веќе уби повеќе од 37 милиони кокошки и мисирки.
Се проценува дека тој број ќе се зголеми до почетокот на јуни, бидејќи фармерите масовно уништуваат цели стада низ американскиот среден запад, пренесува „Блумберг“.
Според инструкциите на федералната влада, на фармите мора да се уништат цели комерцијални стада живина доколку само еден е позитивен на вирусот, за да се запре ширењето на инфекцијата, додава њујоршката агенција.
Во Ајова, милиони живина се уништуваат на огромни фарми со задушување на високи температури или отровна пена, а во Висконсин колони камиони се видени како собираат маси трупови од живина и ги трупаат на неискористени полиња.
Според Блумберг, цената на месото од живина во САД скока на рекордно ниво, придонесувајќи за најбрзиот раст на инфлацијата во последните четири децении, додавајќи дека дефицитот на понудата на месо од живина во Америка, предизвикан од птичјиот грип, се случува на време кога светските цени на храната достигнуваат максимуми.