Македонија

Владата на СДСМ и ДУИ се задолжува 900 милиони евра, за ДУИ да краде и профитира, вели опозицијата

„Задолжувањето кое го најавува владата од 900 милиони евра е задолжување кое треба да послужи за отпочнување на еден проект кој долго го најавува ДУИ, а за која цел бизнисмен близок до ДУИ влезе во сопственичката структура на една стара македонска градежна фирма“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Парите од задолжувањето треба да поминат преку фирмата која сега е во сопственост на човек близок до ДУИ.

На тој начин државата зема кредит, народот плаќа, а профитот го носи ДУИ.

Сето ова е испланирано на штета на македонските граѓани. А долгот по ова задолжување ќе биде над 8 милијарди евра, и иако дуплиран во споредба од пред 5 години резултат и проекти нема, само криминал и корупција“.

На почеток