Скандал во Тетово: Нападнат тимот на Шкупи, има повредени
При пристигнувањето на стадионот во Тетово се случил скандал и нападнати се клубот и играчите на фудбалскиот клуб Шкупи, јавува Телевизија 21.
Телевизијата објави видеоматеријал во кој се гледа нападот. Спортскиот директор на ФК Шкупи, Омер Буњаку, во изјава за за ТВ21 вели дека има повреден фудбалер. На снимката која ја обезбеди ТВ21, се гледа како еден од играчите на чаирчани лежи на земја.
Инаку, претходно на патарината Скопје – Тетово полицијата ја сопре навивачката група на Шкупи, „Шверцери“ и не дозволи присуство на гостинските навивачи во градот под Шара.
Натпреварот е од поголемо значење за Шкендија која се бори за Европа, затоа што Шкупи веќе ја осигура титулата. Не се знае дали оваа средба ќе започне во планираниот термин од 17:00 часот.