130 казнети возачи во Скопје, 54 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за прекршоци што ги прават пешаците, шест санкции за возач почетник…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.