Апасиев за критериумите за избор на уставни судии: Затоа, тоталки анонимуси во правната фела ни стануваат „чувари на Уставот“
Од
Објавено на
Професорот Димитар Апасиев кој е и собраниски пратеник пишува дека поради критериумите за избор на уставни судии, тоталки анонимуси во правната фела ни стануваат „чувари на Уставот“.
„Флоскулата „истакнат правник“ е единствениот услов за уставен судија!? Затоа, тоталки анонимуси во правната фела ни стануваат „чувари на Уставот“. Е, токму затоа, пратениците на Левица, во понеделник, за прв пат, ќе предложат специјален ЗАКОН ЗА УСТАВНИ СУДИИ каде ќе се дефинираат високи критериуми и долга постапка за избор во ова звање, кое треба да е гордост, а не срам за правната професија“, пишува Апасиев.