Македонија

(ФОТО) Камион излета во нива, близу граничниот премин „Ќафасан“

Страшна несреќа се случи во близина на граничниот премин Ќафасан, во текот на денешното попладне. Товарен камион излета од патот сосе приколица. Првичните информации се дека причината е тоа што гумите на возилото се излизгале, но таа не е потврдена. Точните причини треба да ги утврди полицијата.

Засега, нема информации дека возачот е тешко повреден. Повикани биле и екипи на МВР. Детали се чекаат во текот на утрешниот ден.

На почеток