Русија жестоко им се закани на Шведска, Финска и САД
Сергеј Рјабков, заменик-министер за надворешни работи на Русија, ги нападна Финска и Шведска поради нивната одлука да се приклучат на НАТО.
„Никој не треба да има илузија дека Русија едноставно ќе гледа и ќе молчи и ќе го прифати влезот на Шведска и Финска во НАТО“, рече тој, додавајќи дека безбедноста во двете земји „нема да се зајакне“ со овој потег.
„Глобалната ситуација радикално ќе се промени по одлуката на Шведска“, додаде тој.
Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов синоќа изјави дека војната во Украина се повеќе го вовлекува Вашингтон во конфликт со Москва. Тој вели дека ситуацијата е „исклучително опасна“
„Денешната ситуација е крајно, крајно опасна. Соединетите Држави се подлабоко и подлабоко во конфликт со најнепредвидливите последици за односите меѓу двете нуклеарни сили“, изјави Антонов на руската телевизија.