Скопје

На Клинички уапсен скопјанец кој бил баран со три потерници

Денеска (17.05.2022) во 11.00 часот на ул.„Мајка Тереза” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје.

Тој бил баран по три централни потерници од Основен кривичен суд Скопје за издржување вкупна затворска казна од осум години и шест месеци за сторени кривични дела по член 378, член 206 и член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

На почеток