Македонија

Шкријељ смета дека со платите на наставниците испишуваат историја

„Дијалогот на Владата предводена од СДСМ со Синдикатот за образование, наука и култура, успеа. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза“, вели Санела Шкријељ, пратеничка.

Таа додава:

„Ова е историско зголемување на платите во основното и средното образование. Досега во три наврати платите во образованието се зголемија за 21 отсто.

Тоа значи дека за само пет години, платите во образованието кумулативно ќе се зголемат за 36 отсто или за повеќе од една третина.

За потсетување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, платите во образованието се зголемија за едвај четири отсто.

Важно е да се напомене, дека платите на оние кои штрајкуваа ќе бидат исплатени, но и дека следува изработка за нова методологија за континуиран раст на платите во образованието секоја година, без тоа да зависи од нечија политичка одлука или волја.

Апелираме до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови, а потоа и потпишување на Спогодбата, за потоа надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето.

Истовремено, убедени сме дека многу брзо ќе се постигне и конечен договор меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОНК, за платите на вработените во градинките.

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ покажуваат вистинска грижа за наставниците, воспитувачките и негувателките.

Во континуитет докажуваме дека само со отворен, инклузивен дијалог можеме да дојдеме до решенија кои се во интерес на сите граѓани.

И во време на најголема светска економска криза, остануваме посветени на брзи, ефикасни мерки и решенија кои го унапредуваат животниот стандард на сите граѓани“.

На почеток