Скопје

Над сто возачи се казнети од полицијата во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци, шест мерки за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информира МВР.

На почеток