Настап на Театарот од Битола на европски фестивал во Темишвар


Со долготраен аплауз и овации е награден ансамблот на НУ Народен театар – Битола во романскиот град Темишвар, чии актери ја изведоа претставата „History of motherfuckers“ според „Кориолан“ од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан.
Од НУ Народен театар – Битола информираат дека битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска-Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски, по завршувањето на претставата, невообичаено долго време останале на сцената поздравени од домашната публика.
На регионалниот театарски европски фестивал во Темишвар годинава настапуваат ансамбли и театарски групи од Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Данска, Франција, Хрватска и од Србија, а македонската театарска сцена ја претставува НУ Народен театар – Битола со претставата којашто е одиграна на повеќе сцени во земјава и во странство.
