Магазин

„Ги мамев луѓето за да заработам“, Караџиќ проговори за периодот пред да стане актер

Малкумина знаат дека српскиот актер Милутин Мима Караџиќ пред да се испроба во актерството бил љубител на боксот.

Првите пари во животот Мима ги заработил продавајќи весници на генијален начин.

– Тоа беше, всушност, работата што ја работеше брат ми пред се. Дојдов кај него, со намера да му помогнам, а и да поминам некое време во Чањ. Бевме деца, имавме 17 години – изјави тој во емисијата „ШокТок“.

Вели дека од тоа не можел многу да заработи, па нашол алтернатива.

-Тогаш немаше киоск, пешачам до крајот на плажата, продавам весник, на крај чекам дваесет минути, половина час. Луѓето ги прелистуваат весниците, читаат и ги оставаат – рече Мима и додаде:

– На враќање го земам тој весник и потоа го продавам на други, за да може еден весник да се продава двапати и попатно да ги изиграм.

На почеток