ФОТО: Загинатиот пешак во Ѓорче Петров е од Сарај

Од
Објавено на

Пешакот кој загина во сообраќајката во Ѓорче Петров бил од Сарај, дознава „Скопје1“. Животот го изгубил веднаш откако „Аудито“ го прегазило. Очевидци велат дека пешакот летнал над возилото, а автомобилот е неколку метри пред мртвото тело.
Првичните и неофицијални информации велат дека имало обиди да се спаси пешакот и од страна на случајни минувачи, но неуспешно.
Засега официјални информации од полицијата нема. На терен е излезена екипа, се прави увид и се чека насоки од јавен обвинител.
Не е познато ниту дали пешакот поминувал на пешачки премин или претрчувал низ четирите ленти на улицата.
