Свет

Русија: Ако западните земји и достават оружје на Украина, тоа ќе биде чекор во насока на недозволива ескалација

Ако западните земји и достават оружје на Украина, тоа ќе биде чекор во насока на недозволива ескалација, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Западот повика Русија да биде поразена на бојното поле, а за тоа е неопходно да се продолжи војната, да се вооружат украинските екстремисти, украинскиот режим, вклучително и оружје што може да стигне до Руската Федерација. Зеленски јавно бара такво оружје. “, рече министерот во интервју за РТ.

Тој додаде дека Москва предупредила на можните последици од таквите одлуки.

„На најсериозен начин го предупредивме Западот дека тие веќе, всушност, водат посредничка војна со Руската Федерација со рацете, телата и мозокот на украинските неонацисти, но ова ќе биде сериозен чекор кон неприфатлива ескалација. Се надевам дека има разумни на Западот, такви останаа уште малку, тие го разбираат тоа“, рече Лавров.

На почеток