Свет

Четворица загинати во експлозија во куќа во Филаделфија

Најмалку четири лица загинаа по експлозија во куќа во предградие во северозападната држава Пенсилванија, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на Потстаун, Џастин Келер, на прес-конференцијата потврди дека експлозијата се случила во четвртокот околу 20 часот по локално време, на околу 65 километри северозападно од Филаделфија, јави WPVI-TV.

Две повредени лица се хоспитализирани, додаде Келер, но нивната состојба не е позната. АП наведува дека не е познато што ја предизвикало експлозијата.

Полицијата се уште не ги објави имињата на загинатите или повредените во експлозијата, а не се соопштуваат дополнителни детали.

На почеток