Коронавирус

Повторно задолжителни маски во Филаделфија: „Ако не реагираме сега, ќе биде доцна“

Филаделфија е првиот голем град во Соединетите држави што повторно го воведе задолжителното носење маска во затворени простории по наглото зголемување на бројот на луѓе кои се заразени со Ковид.

Здравствените инспектори ќе почнат да ја контролираат оваа мерка во градските претпријатија на 18 април, објави АП. Бројот на новозаразени со корона вирусот е зголемен за повеќе од 50 отсто во изминатите 10 дена, што е праг врз основа на кој, според градските насоки, луѓето се обврзани да носат маски во затворени простории, изјави д-р Шерил Бетигол, комесар за здравство.

„Ако не реагираме сега, знаејќи дека секој претходен бран на инфекции беше проследен со бран хоспитализации, а потоа и бран смртни случаи, за многу наши жители ќе биде доцна“, рече Бетиголова.

Таа изјави дека ова е шанса да се спречи пандемија и да се носат маски додека не се добијат повеќе информации за сериозноста на новата БА.2 подваријанта на омикрон.

Филаделфија ја укина обврската за носење маски на 2 март, а Бетигол призна дека е прекрасно повторно да се почувствува тоа чувство на нормалност.

На почеток