Свет

Орбан и Џонсон разговараа за ситуацијата во Украина, Унгарија нема да ја ризикува својата енергетска безбедност

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски разговарал со својот британски колега Борис Џонсон за „загрижувачката“ ситуација во Украина, изјави денеска претставникот за медиуми на Орбан, Берталан Хаваси.

Орбан потврди дека Унгарија е подготвена, како и секогаш, да учествува во антивоените напори на Европската унија, но нема да ја ризикува својата енергетска безбедност, рече Хаваси, пренесува МТИ.

Орбан и Џонсон се согласија да останат во близок контакт, рече тој.

На почеток