Иран презема казнени мерки против Грција поради заплена на нафта
Од
Објавено на
Иран одлучи да преземе казнени мерки против Грција поради заплената на иранска нафта кај грчкиот брег, објави „Нур њуз“.
„Нур њуз“, кој е близок до највисокиот ирански орган за државна безбедност, не објави какви мерки ќе преземе Иран, објави Ројтерс.
Претходно денеска Иран го повика швајцарскиот амбасадор, кој ги застапува американските интереси во Техеран, да протестира против американското запленување на иранска нафта од брод со кој управува Русија во близина на Грција, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи што го пренесуваат иранските медиуми.