Свет

Марио Драги и Зеленски разговараа за деблокирање на извозот на пченица

Италијанскиот премиер Марио Драги и претседателот на Украина, Володимир Зеленски разговарале за деблокирање на извозот на пченица од Украина со цел да се реши проблемот со кризата со храна која им се заканува на најсиромашните земји во светот, соопшти денеска Кабинетот на италијанскиот премиер.

Руската блокада на украинските пристаништа спречи испорака на житни култури, од кои двете земји се главни извозници, објави Ројтерс.

Русија ја обвинува Украина за бомбардирање на пристаништата, а Украина ја обвинува Русија за уцена. Д

раги во телефонски разговор ја уверил Украина за поддршката на италијанската влада и другите земји од Европската унија.

На почеток