Калашников: „Откриена уште една масовна гробница во Мариупол“
Масовна гробница со тела на украински војници е пронајдена во парк во Мариупол, во близина на поранешниот стадион на Металург, изјави директорот на бирото за судски медицински прегледи на Министерството за здравство на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Дмитриј Калашников.
Според него, војниците загинале во февруари и март годинава, кога тој дел од градот бил под контрола на Украина. Калашников за РИА Новости изјави дека во гробницата се закопани околу 40 војници, дека 14 тела се веќе извадени, а 10 се обработени.
Тој додаде дека на речиси сите тела се пронајдени документи кои содржат презимиња, имиња, чинови и припадност кон единицата.