(ФОТО) Се ожени министерот за транспорт и врски

Од
Објавено на

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски својата венчавка со Маринела Серафимова ја круниса со свадба во Штип, објави 24 Инфо.
Актуелниот министер за транспорт и врски лани во август ја побара за сопруга својата избраничка, а веридбата ја најави за есента.
Бочварски тогаш рече дека свадбата ќе се одржи следната година кога ќе стивне пандемијата.
Тој претходно скоро една година е во врска со 24 годишната Маринела која е од Штип.
