ВИДЕО: Пратеник патуваше 150 километри за да му докаже на министерот за транспорт дека лаже
Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во дебата му посочи на министерот Благој Бочварски дека на автопатот Кичево-Охрид дел од трасата од Другово до Извор не е пробиена.
„Јас целата траса сум ја поминал, така што вие мене не мора да ме носите на трасата. Можеме слободно кога сакате да направиме увид во градежните активности. Апсолутно не сте во право. Правиме напори да заврши целиот пат. Тоа може во вашите прес-конференции така да изгледа, но на терен не е така“, изјави Бочварски.
Денес Стојаноски објави видео од локацијата каде трасата не е пробиена.
„Директно од терен – доказ за лагите на власта.
На лице место од мостот над селото Попоец, трасата од Другово до Извор, кој ниту е завршен ниту трасата е целосно пробиена како што во текот на нашиот дуел ме убедуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Потребни се предвремени избори што е можно побрзо, за да ги промениме овие неспособни луѓе од власта кои шеста година не можат да завршат еден автопат кој им беше оставен реализиран скоро 50%.
Доста е за лаги и манипулации, време е за работа и проекти!“, вели Стојаноски.