Охридски Комуналец: Голем број активности на оперативните служби за одржување на јавната хигиена и зеленило
Голем број активности на оперативните служби за одржување на јавната хигиена и зеленило на Ј.П. „Охридски Комуналец” – Охрид.
Реализирана акција за чистење на депонија создадена од диви кампери во близина на камп Љубаништа; Секојдневно чистење на пристаништето и градскиот кеј на потегот до Холандски парк од наноси на алги и секаков вид отпад; Голем број активности за одржување на јавна чистота и зеленило во села: Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел и Велгошти.
По повод 11-ти октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, се расчистуваше просторот околу спомен-обележјата на НОБ и тоа: спомен-паркот на револуцијата, градскиот парк, основен суд-Охрид и СОСУ.Св.Кирил и Методиј, информира Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид.