Охрид

„Ауди“ удри во две млади момчиња во Охрид: од ударот оштетено и паркирано возило

На 19.10.2024 година, во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кеј „Македонија“ во Охрид патничко возило „Ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(19) удрило во пешак П.К.(18) двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.К., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

При ударот било оштетено и паркирано патничко возило „Фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од А.К.(51) од Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На почеток