Трагедија: Две млади лица загинаа во близина на Охрид
Од
Објавено на
На 29.11.2024 година во 07.21 чaсот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, на автопат во изградба, кај девијацијата ,,Царо поле “, атар на село Ботун, општина Дебрца, патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистраски ознаки, управувано од Ф.К.(22) од Кичево, било пронајдено излетано од патот, во водите на реката Сатеска превртено на кровот.
Во несреќата на местото на настанот починале возачот и неговата сопатничка Е.С.(21) од Кичево, констатирано од лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.
Извршен бил увид од јавен обвинител, сообраќаен вештак и увидна екипа од СВР Охрид.