(ВИДЕО) Час пред поскапувањето: Гужвите и нервозите не стивнуваат по бензиските, возачите бесни се караат додека точачите на гориво се изморени


Зголемувањето на цените на горивата до десет денари за литар, го запали алармот кај граѓаните да наточат бензин, дизел или плин по пониски цени. И на скоро час пред да се стартува продажбата на дериватите по нови цени, гужвите по бензинските станици во Скопје не застануваат. Колоните со возила и возачите кои чекаат редици, се протегаат и по булеварите. Дел од граѓаните се нервозни поради гужвата, а сите се нервозни поради зголемувањето на цените.
„Дојдено ни е до 500 денари затоа што земаме плата од 400 евра со која издржуваме семејства со пет члена. Немој ти да објаснуваш дали ќе заштедиме или не“, реагираше возач до вработен на бензинска кој искоментира дека никој нема ништо да заштеди ако точи цени постари, наместо по нови цени.
Сликите по бензинските станици се непроменливи од пладнево. Кога Владата не донесе одлука за нови мерки со цел да се заштитат граѓаните од ценовен шок.
„Скопје1“ прошета низ бензинските станици по булеварот Партизански одреди, по Илинденска, но и во Аеродром. Гужвите никаде не стивнуваат. Секој поединец се обидува да стигне до литар гориво повеќе, а резервоарите најчесто се полнат до крај.
