Коментари

Транспарентно, стар и нов Тарифник како ќе си плаќате: Ако досега струјата ве чинела 10 446 денари, сега ќе плаќате 14 947 денари

Дарко Грујоски, ИТ специјалист, направи анализа какво поскапување ни доаѓа наскоро, со новата одлука на Регулаторна комисија. Неговото јавно пишување ви ги пренесуваме интегрално

„Транспарентно, стар и нов Тарифник како ќе си плаќате .

– За евтина тарифа би платиле по старо, 525,4 киловати по 3,67 денари = 1 928 денари. За скапата тарифа, за потрошувачката до 250 киловати, би платиле околу 1 737 денари по претпоставена цена од 6,95 денари за киловатчас, односно цена 5% пониска од актуелната. Овој процент е само наша претпоставка која сметаме дека одговара на најавата за „нешто пониски цени“ за првата тарифа.

Следните 250 киловатчасови, до 500, ова семејство ќе го чинат 1 830 денари. Под услов ако остане ветувањето дека за вториот тарифен блок ќе остане актуелната цена.

Преостанатите 571 киловатчасови, ако се пресметуваат по пазарна цена како што најави Бислимовски, а која изнесува околу 15 денари за киловатчас, ќе го чинат ова домаќинство 8 565 денари.

Кога ќе се додаде ДДВ-то од 5% и јавното осветлување, сметката која зимава чинела 10 446 денари, со новиот тарифен модел, ќе чини 14 947 денари, односно четири и пол илјади денари или 45% повеќе“, напиша Грујоски.

На почеток