И Британија испраќа ракетни системи во Киев
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2018/11/romanija.jpg)
Обединетото Кралство ќе испрати повеќецевни ракетни системи во Украина за да и помогне да се брани од Русија, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, пренесува Си-Ен-Ен.
Британија ќе испрати лансери М270 кои ќе можат да погодат цели до 80 километри, што ќе овозможи „значително зголемување на можностите на украинските сили“, се наведува во синоќешното соопштение на британското Министерство.
Потегот е „тесно координиран“ со одлуката на САД да и обезбеди на Украина нејзиниот високомобилен артилериски ракетен систем (HIMARS), варијанта на повеќекратните ракетни системи што ќе ги добие од Обединетото Кралство, се додава во соопштението.
– Велика Британија стои до Украина и презеде водечка улога во снабдувањето на своите херојски трупи со клучното оружје што им е потребно за одбрана на земјата – нагласи Валас.
Британската влада најави дека украинските војници ќе бидат обучени како да користат фрлачи во Велика Британија, за да може нивната ефикасност да се максимизира, наведува Си-Ен-Ен.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)