СЗО: Епидемиите на ендемски болести стануваат се почести
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2020/09/szo-2.jpg)
Епидемиите на ендемични болести како што се мајмунска сипаница и треска од лос стануваат се поупорни и почести, предупреди денеска Мајк Рајан, директор за итни случаи во Светската здравствена организација (СЗО).
Тој истакна дека климатските промени придонесуваат за брзи промени на временските услови, па животните и луѓето го менуваат своето однесување во потрага по храна, а резултатот е дека се повеќе луѓе заболуваат од болести кои се типични за животните, пренесува Ројтерс.
„За жал, оваа способност да се интензивира одредена болест и да продолжи да се шири кај нашата човечка популација е зголемен фактор на ризик и затоа таквите болести стануваат се почести меѓу луѓето“, посочи Рајан.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)