Свет

Захарова: Се надеваме дека Анкара ќе се воздржи од дејствија кои ќе ја влошат ситуацијата во Сирија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаровa имаше порака за Турција. Како што рече таа, Русија се надева дека Турција ќе се воздржи од офанзива на северот на Сирија.

Изјавата на Захарова доаѓа откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе биде спроведена операција во областа Манбиџ и Тал Рифат, која според нив има за цел да ги елиминира терористичките закани во јужна Турција.

– Се надеваме дека Анкара ќе се воздржи од дејствија кои можат да доведат до опасно влошување на и онака тешката ситуација во Сирија – рече Захарова, пренесе Аваз.ба.

На почеток