Актуелно

„Америка и Брисел ги намалуваат шансите за решавање на конфликтот“, вели Медведев

Дмитриј Медведев вели дека шансите за политичко решение на конфликтот во Украина се намалуваат под влијание на Вашингтон и Брисел.

Тој напоменува дека Русија ќе мора да постапи според центрите за одлучување во случај Киев да користи повеќецевни ракетни фрлачи што ги добил од САД за напади врз објекти на руска територија.

„Потребно е да се разбере дека конечните центри на одлучување во овој случај, за жал, не се ни на територијата на Киев. Затоа тоа е опасност што треба да се земе предвид“, рече Медведев во интервју за ТВ Ал Џезира.

Тој прецизираше дека кога станува збор за центрите за одлучување, тоа се однесува на министерствата за одбрана и генералштабовите.

Медведев оцени дека шансите за политичко решение на конфликтот во Украина се влошуваат под влијание на Вашингтон и Брисел, пренесе Спутник.

„За жал, шансите не се подобруваат, туку се влошуваат, а тоа е невозможно да не се забележи“, истакна Медведев.

Тој потсети дека Киев пред извесно време покажа извесна желба за договор за клучните прашања, на реална основа, што се одрази во подготвеноста да се признаат Крим и Донбас, да се откаже од членството во НАТО и делумно да се демилитаризира.

„Но, тогаш, очигледно под влијание на тие повици што Киев ги слуша од Вашингтон и Брисел, тие преговори беа прекинати. Сепак, ситуацијата не е подобрена, донекаде се влоши. Ситуацијата се одвива според сосема друго сценарио, односно Специјалната воена операција се уште се развива, иако имаа шанса да се обидат да постигнат договор со нас за тоа прашање“, заклучи Медведев.

На почеток