Скопје

„Да плаќаш даноци у Северџанија е ептен ‘каурски’“, вели Апасиев

Општина Сарај не наплаќа даноци, пошто да плаќаш даноци у Северџанија е ептен “каурски”, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Оттука, општина Сарај нема пари за градинки.
Оттука, сите деца од општина Сарај идат у општина Карпош.
Оттука, децата од општина Карпош немаат кај да идат.
Оттука, Советот на Општина Карпош носи одлука да си ги заштити децата од Карпош и им дава приоритет при упис.
Оттука, овие од ДУИ се жалат кај “Омбудсманот” (кој btw е нивниот шпицен кандидат за премиер на прошлите избори).
Оттука, “Омбудсманов” као нешо вика не е у реду вака.
Оттука, се набацуе и сороспискиот хор од Хелсиншки, со иста “аргументација”.
Оттука, идете бре сите у три лепе п.м.!
Наравоучение: Карпошани – со вас сме и да не попуштате ни сантим на силеџиите од ДУИ и Сорос“, се вели во објавата на Апасиев.

На почеток