Ким и честиташе на кралицата
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ го честиташе 70-тиот роденден на британската кралица Елизабета Втора.
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја на својата веб-страница објави дека Ким во пораката им честитал на кралицата и на Британците, но не соопшти повеќе детали, пренесува АП.
Северна Кореја и Британија воспоставија дипломатски односи во 2000 година и одржуваа амбасади и покрај постојаниот пад на билатералните односи.
Односите на Северна Кореја со Западот се влошија во последните години бидејќи Пјонгјанг го забрза развојот на нуклеарно оружје.
Северна Кореја ја критикува Британија за поддршката на меѓународните санкции против Пјонгјанг воведени поради нејзините нуклеарни амбиции и состојбата со човековите права.