Актуелно

Хаос на улиците во Ерменија, солзавец и шок бомби: Судир меѓу демонстрантите и полицијата – најмалку 50 повредени

Најмалку 50 лица се хоспитализирани по судирите меѓу полицијата и демонстрантите во близина на резиденцијата на ерменскиот премиер Никола Пашинјан во Ереван.

Ова го соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението се наведува дека 34 полицајци и 16 цивили се хоспитализирани и дека едно од повредените лица е во критична состојба, пренесува Интерфакс.

Прес-службата на ерменската полиција соопшти дека се приведени 11 лица и дека е покрената кривична постапка.

Полицијата во петокот употреби шок бомба против претставници на опозицијата кои претходно прошетаа низ градот, се упатија кон Плоштадот на Републиката и се приближија до зградата на владата, а потоа отидоа во резиденцијата на Пашинјан.

Од 25 април опозицијата одржува протести низ цела Ерменија. Причина за незадоволството се неодамнешните изјави на премиерот за Нагорно Карабах.

Според него, меѓународната заедница го повикува Ереван да ја помести границата со статус на непризнаена република и предупредува на опасноста од непризнавање на територијалниот интегритет на Азербејџан.

Демонстрантите сметаат дека политиката на владата ѝ се заканува на земјата да ја изгуби својата државност и го загрозува постоењето на непризнаената Република Нагорно Карабах.

На почеток