Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, вели Ржаникоски
Овој прес е свикан во врска на немилиот да не речам срамен настан поврзан со обидот за насилното преземање на апаратот за коронарниот стрес тест од Службата за спортска медицина за во интерното одделение каде работам и мое видување како општински советник, вели Трајче Ржаникоски, советник во Советот на Општина Прилеп
„ Споменато во изјавите дека одлуката е донесена после повеќе стручни состаноци. За стручен состанок за овај проблем во Интерното одделение не сум известен и не знам кога е одржан ниту за тоа кој ќе работи и за обемот на работа. Сите информации ги добив од медиумите.
Коронарниот стрес тест функционираше до пред 10 години додека имаше желба и ентузијазам. Дознав дека сега се сака да врати оваа дијагностичка метода во комбинација со спортска медицина. Причина немање на апарат. Моето мислење , апаратот во спортска медицина сигурно е стар околу 10 години и ако се планира заживување на методата во некаков обем во Интерното одделение да се направи со нов апарат. Оптоварување и ракување со стар апарат од персонал од две служби, еден ден интерно одделение , четири дена спортска медицина ќе значи можност да се остане и без тој апарат и да ја затвориме и Службата за спортска медицина со последици за многу спортисти. И наместо да се војува треба да се седне и да се разговара.
Околу дијагностиката во болницата, главни места за дијагностика:
1.Интерното одделение организациски со дежурства на секоја четврта вечер доведено е да работи со минимум или без термини за дијагностика како гастроскопијата и секако мал финансиски ефект пациентите се снаоѓаат како знаат и умеат. Не сум сигурен и за планираните четири термини за коронарен стрес тест месечно
2.Рендген службата е оставена со двајца лекари и во време на одмори работи еден лекар исклучиво на итни случаи помогнат од лекари од Битола и Скопје само за дежурства. Можности за термини за преглед нема, освен за итни случаи упатени само од специјалист. Матичните лекари не можат да закажат за дијагностика и се оставени само на основен лабораториски пакет и издавање на рецепти и различни приоритетни упати за работи кои самите можат да ги решат.
Последиците ќе следат со општа незаинтересираност на младите лекари за работа како матичен лекар и дефицит на матични лекари. Проблемот ќе трае и наредните години до враќање на испратените лекари на специјализација. Ако и на тие лекари им се дозволи да заминат проблемот станува траен и непоправлив.
Околу техниката, компјутерската томографија и мамографот не се во функција и пациентите ги праќаме низ градовите каде има термини. Болничките пациенти со возила се носат за дијагностика во Битола. Договарањето го врши менаџерскиот тим.
Магнетната резонанца е ставена во функција само за снимања на глава, рбет и колено и упати од невролог, ортопед и физијатар, а кој ги чита наодите не знам.
Ситуацијата не е добра. Треба објективно да се претстави состојбата и да се бараат решенија И ако не можеме да набавуваме нова или тешко ни оди сервисирањето на опремата добро би било градот да ја знае финансиска состојба на прилепската болница“, додава тој.