„Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо“, вели Ковачевски
Од
Објавено на
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својот фејсбук профил го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола.
-Го осудувам палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола. Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо. Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот. Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.