Македонија

Горан Мисовски избран за нов претседател на НСДП

Денес, 4 јуни 2022 година во Скопје се оддржа Петтиот Конгрес на НСДП на кој присуствуваа 426 делегати од вкупно 493.

За нов претседател на НСДП е избран Горан Мисовски.

Од 314 делегати кои гласаа, 308 делегати гласаа ЗА, 3 против и 3 неважечки гласачки ливчиња.

Исто така беа избрани и Централниот одбор на НСДП со 81 член и Надзорниот одбор на НСДП со 9 члена.

Воедно на Конгресот беа усвоени изменувања и дополнувања на Статутот на НСДП и Програмската платформа за делување на партијата во наредните 4 години.

To Top