Ахмет Алтан, неговиот брат Мехмет Алтан и уште четворица новинари претходно беа осудени на доживотна казна затвор поради наводната поврзаност со мрежата на муслиманскиот имам Фетула Ѓулен кој турскиот режим го обвинува за организирање на неуспешниот пуч во таа земја во 2016 година, пишува Ројтерс.
Мехмет Алтан во јуни беше пуштен од затвор, но денес и на него повторно му беше изречена казна, откако кривичниот суд го отфрли барањето на уставниот суд за негово ослободување.
Британската агенција наведува дека сите шестмина новинари сега ќе ги отслужуваат настрогите доживотни казни, што значи дека немаат право на условно ослободување и дека за нив нема да важат идните одлуки за амнестија.