Кулеба: Избегнувањето на понижувањето на Русија може само да ја понижи Франција


Повиците да се избегне понижувањето на Русија може само да ја понижи Франција и секоја друга земја што би повикала на тоа, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, реагирајќи на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон.
– Затоа што Русија е таа што се понижува себеси. Сите ние подобро да се фокусираме на тоа како да ја ставиме Русија на нејзино место. Ова ќе донесе мир и ќе спаси животи – истакна Кулеба на Твитер, пренесе Ројтерс.
Емануел Макрон, кој бара дијалог со рускиот лидер Владимир Путин по нападот на Москва врз Украина на 24 февруари, рече дека Западот не треба да ја понижува Русија за да може да ја држи отворена вратата за дипломатско решение.
