Македонија

(ВИДЕО) Џафери се спаси благодарение на пратениците од власта

Претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, Панчо Минов, седна нервозен, но стана насмеан откако за две ипол минути заврши денешната седница. Парламентарното мнозинство со пет гласа „против“ ги надгласа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои имаа четири гласа „за“ изгласување на дневниот ред. Па така, прашањето дали собранискиот спикер Талат Џафери го прекршил Етичкиот кодекс со пцуењето во Собрание и навредите упатени кон семејства на службеници, нема да се разгледува.

„Констатирам дека дневниот ред не е утрвден и ја заклучувам оваа седница“, кажа Минов.

Потегот на пратениците од парламентарното мнозинство да не гласаат за предложениот дневен ред по кој можеше да се отвори и дебата, наиде на негодувања од ВМРО-ДПМНЕ. На крајот, опозициските пратеници им дадоа и тн. ироничен аплауз на колегите поради кои дневниот ред не беше усвоен.

На почеток