Путин: Ја поправивме инфлацијата во Русија, сега е нула
Растот на цените во Русија е запрен од втората половина на мај, а инфлацијата сега е на нула, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба за економски прашања.
„Инфлацијата е ставена под контрола. На годишно ниво од 27 мај таа изнесуваше 17,4%. Во исто време, од втората половина на мај растот на цените е целосно запрен. Сега инфлацијата е на нула“, рече тој.
Во исто време, продолжи шефот на државата, властите треба да ги имаат предвид и позитивните и негативните аспекти на оваа ситуација.
Тој рече дека „има плусови, но и одредени закани“.
„Морате на највнимателен начин да ја анализирате ситуацијата и да донесувате навремени одлуки“, рече тој на средбата.