Со референдум ќе се одлучува дали херсонската област ќе влезе во Руската Федерација
Во Херсонската област во Украина ќе се одржи референдум за влез на регионот во Руската Федерација, изјави Кирил Стремусов за новинарите.
„Останавме без законодавна власт, па формиравме јавен совет, кој го застапува народот, и тие веќе ќе донесат некои меѓусебни одлуки. Мислам дека тоа најверојатно ќе биде референдум, кој ќе се одржи во Керсон“, рече заменик началникот на воено-цивилната управа.
Тој додаде дека тоа ќе биде референдум за самоопределување на регионот Херсон.
„Следната фаза ќе бидат изборите што ќе ги одржиме директно на територијата на ослободената област Херсон. И таму ќе продолжиме да работиме законодавно“, рече Стремусов.
Тој истакна дека изборот ќе го направат жителите на регионот. На прашањето кога може да се одржи ваков референдум, Стремусов посочи дека има уште многу работа.
Руските вооружени сили ја ослободија целата област Херсон во јужна Украина кон крајот на април.