Актуелно

Украина објавува „Книга на џелатите“ со детали за воените злосторства

Украина ја лансира „Книгата на џелатите“, систем на евиденција за собирање докази за воени злосторства, за кои Киев тврди дека ги извршиле Русите.

Украинското обвинителство тврди дека има податоци за повеќе од 12.000 воени злосторства, за кои се осомничени повеќе од 600 лица, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, пренесува Ројтерс.

Следната недела ќе биде промовирана специјална публикација „Книга на џелатите“, систем кој ќе собира податоци за воени злосторства, криминалци од руската армија“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео пораката.

Тој истакна дека тоа ќе биде клучен елемент во неговото барање да ги повика руските војници одговорни за убиства, силувања и грабежи, според украинските власти.

„Ова се конкретни факти за конкретни лица виновни за конкретни сурови злосторства против Украинците“, нагласи Зеленски, зборувајќи за киевското предградие Буча, каде, според истражителите, се пронајдени докази за масовни егзекуции.

Русија тврди дека направила се за да избегне цивилни жртви во „специјалната воена операција“, како што го нарекува нападот врз Украина.

Москва ги отфрли снимките од настаните во Буча како „лага“ на украинските власти откако руските сили се повлекоа од градот кон крајот на март, според Ројтерс.

На почеток