Русите вршат притисок, главниот рабин на Москва ја напушти државата
Главниот рабин на Москва Пињас Голдшмит ја напушти Русија. Тој ја напушти Русија откако беше притиснат да ги поддржи нејзините воени акции во Украина, според Ројтерс, повикувајќи се на изјавата на член на семејството на рабинот, Авитал Чижик-Голдшмит.
„Конечно, можам да кажам дека мојот свекор и свекрва, главните рабини во Москва, Пињас Раби и Дара Голдшмит, беа под притисок од властите да поддржат „специјална операција“ во Украина – и одбија“,вели семејството.
Роден во Швајцарија, Пињас Голдшмит служеше како главен рабин во Москва од 1993 година и беше шеф на голема европска рабинска организација.
Чизик-Голдшмит, новинар од Њујорк, за Ројтерс изјави дека Голдшмит полетал за Унгарија две недели по почетокот на конфликтот на 24 февруари оваа година и дека собирал пари за бегалците во Источна Европа пред да го продолжи своето патување во Израел.
Рускиот главен рабин Берел Лазар ги повика учесниците во конфликтот на 2 март оваа година „да го замолчат оружјето и да ги запрат бомбите“, наведува британската агенција.