Свет

Украина до крајот на годинава од извоз на струја ќе заработи 1,5 милијарди евра

Украина се надева дека ќе заработи 1,5 милијарди евра од извозот на електрична енергија во Европската унија до крајот на годината, но уште повеќе од тоа во иднина кога ќе добие право да ја извезува својата енергија, изјави денеска советник во украинското Министерство за Енергија.

Во 2014 година, по руската анексија на Крим, електричната мрежа на оваа поранешна советска република почна да планира одвојување од рускиот и белорускиот електродистрибутивен систем.

Во февруари, кога Русија изврши инвазија, Украина ја тестираше автономијата на својот систем, по што украинската мрежа целосно се исклучи, дури 2,5 години порано од планираното, пренесува Ројтерс.

Во март официјален Киев поднесе барање за што поскоро приклучување кон европскиот енергетски систем ENTSO-E, а вчера беше добиена официјална дозвола за извоз на украинска струја во Европа, соопшти денеска Укренерго.

– Сите потребни линии на Украина се подготвени за извоз на струја во Романија, Унгарија, Словачка и Полска – изјави Лана Зеркал, советник на министерот за енергетика во интервју за Суспилне.

На почеток