Иран им претстави на САД нов предлог за нуклеарен договор

Од
Објавено на

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолајан изјави дека Техеран дал нов предлог до САД за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година, јави денеска иранската државна телевизија, пренесе Ројтерс.
Откако Вашингтон се повлече од договорот во 2018 година за време на тогашниот претседател Доналд Трамп и повторно воведе санкции кон Иран, Техеран прекрши многу од ограничувањата за своите нуклеарни активности, вклучително и збогатување со ураниум, додава британската агенција.
