Зеленски: Бранителите на Северодонецк и нанесуваат големи загуби на Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека бранителите на градот Северодоњецк им нанесуваат големи загуби на руските војници во битката, која, според него, била многу жестока и тешка.
– На многу начини, судбината на Донбас се решава токму таму – рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува Ројтерс.
Претходно, регионалниот гувернер на областа Луганск, Сергеј Гајдаи изјави дека руските сили го контролираат поголемиот дел од стратешкиот украински град Северодонецк и силно го гранатираат градот Лисичанск, предизвикувајќи голема штета.
Украина и Русија разменија 50 тела на нивните загинати војници во размената во која беа вклучени 37 Украинци убиени во фабриката Азовстал во Мариупол, соопшти денеска украинското Министерство за реинтеграција.
Министерството наведува и дека размената се случила на фронтот во југоисточниот украински регион Запорожје, пренесува Ројтерс.
Се додава дека ваквите размени ќе продолжат.