Бајден ги осуди заканите против судија на Врховниот суд
Американскиот претседател Џо Бајден ги осуди постапките на човекот кој рече дека планира да го убие судијата на Врховниот суд Брет Кавано, соопшти денеска Белата куќа.
– Претседателот Бајден најостро ги осудува постапките на оваа личност. „Секакви закани за насилство или обиди за заплашување на луѓето од судството немаат место во нашето општество“, рече секретарот за печат на Белата куќа, Карин Жан Пјер, пренесува Ројтерс.
Вооружен маж, кој му се заканувал на конзервативниот судија на американскиот Врховен суд, Брет Кавано, е уапсен во близина на неговата куќа во сојузната држава Мериленд, соопшти портпаролката на судот.
Според „Вашингтон пост“, мажот во неговите 20-ти бил бесен поради нацрт-мислењето што протече минатиот месец, а кое навести дека судот се подготвува да ја поништи одлуката „Роу против Вејд“, со која се легализираше абортусот.