Се шири наводен извештај од извор од Кремљ: Путин го навреди Кси, а Лавров го нарече шу*ак
Телеграмскиот канал General SVR, за кој се вели дека го води инсајдер од Кремљ, објави дека рускиот претседател Владимир Путин на видео конференција го навредувал и го нападнал својот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесоа швајцарските медиуми.
Според извештајот, Путин наводно се сретнал со Лавров преку видео врска и разговарал за односите со Кина. Се вели дека Путин „изразил фрустрација што Кина одбива да и даде финансиска и материјална поддршка на Русија“.
За време на состанокот, Путин, наводно, дал „неколку погрдни и непристојни“ коментари за кинескиот претседател Си Џинпинг, се вели во извештајот. Путин, наводно, директно го обвини Лавров и за неуспехот на преговорите со Кина.
Според извештајот, Путин неколку пати го прекинал Лавров кога тој се обидел да се одбрани. Тој, наводно, го опишал Лавров како „шупак“ и „педер“. Според извештајот на упатените во Кремљ, Путин постојано ги навредувал своите подредени.
Гневна порака против наводните непријатели на Русија испрати и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. „Ги мразам. Тие се копилиња и дегенерици“, напиша Медведев во телеграмата во вторникот.